Македонија добива уште шест нови авиолинии до крај на годината
Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само Интервју.
“Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Видете, кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестаинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии”- истакна вицепремиерот и министер Николоски.
13.12.2024 - 09:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа