Македонец убиен во Србија
Шеесет и едногодишниот Г. С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б. П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.
До несреќата дошло откако Македонецот со партнерката бил во посета на нејзина пријателка, која живеела во соседството на поранешниот сопруг.
Г. С. во еден момент го удрил Б. П. по што Македонецот паднал со главата на земјата и набргу потоа починал.
Како што пишуваат српските медиуми, Г. С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б. П.
На Г. С. му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа