Македонците да ја напуштат Словенија, ако треба евакуација, да се јават во Амбасадата, алармира МНР

 

 

Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме што ја зафатило Словенија, затворени се голем број патишта и автопатишта во целата земја.

„Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така, ги повикаме граѓаните што планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа да проверат кои патишта се слободни“, велат од МНР.

Воедно, се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуална помош, да стапат во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната имејл-адреса [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и на следната имејл-адреса: [email protected].

04.08.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега