Лукаревска: Со „Викенд без ДДВ“ се олеснува куповната моќ на потрошувачите
Директоркатана УЈП, СањаЛукаревскавогостувањетово „Топтема“ кажадекавластаповторнобивовела „Викендбез ДДВ“.
-„Викенд без ДДВ“ имавме во 2020 година, а сега и е побарање и на опозицијата. Првично кога беше направивме таков викенд, солидно помина мерката и со неа овозможуваме да се олесни куповната моќ кај потрошувачите, рече Лукаревска.
Говорејќи за приходната страна на буџетот, таа кажа дека имале обврска од јануари до ноември 2022 година да се соберат 94,6 милијарди денари, а биле собрани 94,8 милијарди денари.
-Имаме стопроцентна реализација, рече Лукаревска, негирајќи дека даночната реформа ќе има главна улога врз приходната страна на буџетот. Директорката на УЈП вели дека главна цел на даночната реформа е намалување на сивата економија.
-Ако некоја од мерките од даночната реформа не ги дава резултатите ние веднаш ќеа лармираме во Министерството за финансии. Такви бројки би знаеле кон март. Напочеток на тековна година треба да се донесе даночна реформа, многу е посложено кога тоа е во тек на фискална година, истакна Лукаревска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа