Лукаревска: ДПМНЕ никогаш не е добра вест, а не пак опција

СДСМ е државотворна партија која гледа подалеку во иднината. Тоа е таа голема разлика меѓу политикантите и државниците. Со ВМРО-ДПМНЕ не знаете што ќе ви донесе утрото. Тоа се истите луѓе кои владееја 11 години. Истите кои за државните функции беа „закачени“ како метастази, вели во интервју за порталот Фактор заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

-Ниту се покајаа, ниту се променија. Со кој образ ќе бараат нова шанса?! Тенката жица на национализмот која со леснотија ни ја продаваат и по која нè тераат да одиме,  тоа не е пат. Тоа е опасна манипулација. И велат - ние сме подобрата опција. Тие никогаш не биле добрата опција за Македонија. ВМРО ДПМНЕ никогаш не е добра вест, а не пак опција. Исти се како оние светски лидери од Истокот што плукаат по Западот, а децата им живеат во ЕУ, САД, Велика Британија, Канада., вели Лукаревска.

-СДСМ се води според реалните потреби на државата. И токму затоа, вистински се бројките кои покажуваат дека државата напредува и покрај наследството од претходната власт, но и светската пандемија, енергетската и економската криза, инфлацијата и растот на цените во светот како последици на војната во Украина. Во сите овие искушенија, и за нашата држава, добро е што ДПМНЕ беше опозиција, а за доброто на државата, добро е така и да остане, наведува Лукаревска во интервјуто за Фактор.

Како прв човек на УЈП можам да кажам дека вративме ДДВ кон стопанството од близу 593 милиони евра, или прецизно 36.455.848.313 денари. Со овие средства индиректно се обезбедени ликвидни средства за сигурно домашно производство, средства за набавка на суровини, и за сите потреби што ги имаат компаниите, вели заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за порталот Фактор.

-Согласно последните податоци за месец ноември, остварен е вкупен приход од  10 милијарди денари, што е реализација од 111,76 отсто од планираниот вкупен приход за месец ноември. Со оглед на тоа дека 2023 година беше специфична, што поради енергетската криза, што  поради светските случувања и конфликтите, имам право да кажам дека сум задоволна од наплатата. Се преземаа мерки навремено и соодветно да одговориме на потребите и да ги оствариме проекциите за наплата, да обезбедиме средства за потребите кои однапред биле планирани со Буџетот, потенцира Лукаревска.

Согласно со последните податоци, за месец декември, поточно за првите петнаесет дена од месец декември остварена е  вкупна наплата поголема за 22,4 отсто, имаме повисока наплата на данок на добивка за 8,54 отсто, данок на личен доход од 14,21 отсто, и повисока наплата на ДДВ за 47,84 отсто, додава Лукаревска во интервју за Фактор.

 СДСМ

22.12.2023 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега