Луѓето излегуваат на улиците во градот каде трикратен убиец уби жена и го пренесуваше тоа на социјални медиуми
Во Градачац од денеска е тридневна жалост, откако трикратниот убиец Нермин Сулејмановиќ вчера брутално ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица.
Хеќимовиќ неодамна го напуштила откако неколку пати го пријавувала за насилство и се криела од него кај нејзината тетка. Но, тој оттаму ја киднапирал, ја однел на друга локација и ја убил пред очите на бебето. Сето тоа го пренесуваше се во живо на Инстаграм.
Тој ги уби и Ондер Џенгис и неговиот син Денис во центарот на Градачац. Рани уште три лица, меѓу кои ќерката и сестрата на убиените татко и син, братучедот на убиената Низама и еден полицаец.
Одлуката за тридневната жалост во Градачац е донесена вчера на седницата на колегиумот на градскиот совет.
Овие брутални убиства ја шокираа јавноста во БиХ и регионот.
Поради тоа што Сулејмановиќ прво брутално ја претепал својата невенчана сопруга Низама, а потоа ја снимал облеана во крв и со бројни повреди, а потоа ладнокрвно ја застрела во главата, денеска во Градачац ќе се одржат протести.
Најавени се за 12 часот.
„Ги повикуваме нашите сограѓани да дојдат на плоштадот Алија Изетбеговиќ во 12 часот и да се приклучат на нашиот спонтан собир со цел да се осуди секој облик на насилство – изјави вчера Нерма Шариќ за порталот Дневно аваз.
Да потсетиме, Низама Хеќимовиќ најмалку двапати го пријавила убиецот за насилство, последен пат четири дена пред убиството. Но, тогаш судот одби да му забрани на убиецот да ѝ се приближи на жртвата.
И во Босна и Херцеговина се прашуваат зошто компанијата сопственик на Инстаграм, Мета, со часови не ги отстрануваше видеата од убиствата кои за тоа време достапни на Инстаграм. И таа страшна снимка и уште една на која убиецот зборува во живо по убиствата беа достапни на Инстаграм сè до реакцијата на полицијата на БиХ, кога профилот на трикратниот убиец заедно со видеата конечно беше отстранет од оваа социјална мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа