Локализиран пожарот кај депонијата во близина на Штип

 

 

Пожарот од депонијата до селото Софилари, кај Штип е локализиран со четири возила и 14 пожарникари, извести Дарко Коцев, командир на ТППЕ Штип и додаде дека останува да се изгаси пожарот на уште едно место, викано Пенуш, каде веќе се упатила екипа.

Според него за кратко време ќе биде локализиран пожарот, а екипата останува на терен се до негово ликвидирање.

Пожарот започна во 13 часот и 35 минути, а како што вели командирот дошло до потешкотии при гасење поради ветерот.

– Нема загрозено објекти, повеќе е ниско-стеблеста шума и трева, додаде Коцев.

Во пожарот е зафатена површина од околу 30 до 40 хектари.

18.07.2023 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега