Лога-Тигањ:Хрватска преку своите искуства ќе го помогне евриоинтегративниот процес на нашата држава

 

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со хрватската амбасадорка во земјава, Н.Е Нивес Тигањ на која беа разгледани можностите за проширување на соработката меѓу двете држави преку иницирање на заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесе знаењето и вештините за европските практики и вештини на Република Хрватска .  Зајакнувањето на билатералната  соработка во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите на Поглавјето 23,, Правосудство и темелни права беа главните теми на кои разговараа Лога и Тигањ. Министерот за правда Кренар Лога рече дека Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конретните задолженија во правосудството за зачленување на нашата држава во Европската Унија. Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно ќе влијаат на преговарачкиот процес. За таа цел, министерот за правда Кренар Лога најави дека во наредните месеци ќе се организира заедничка работилница на која експертски тим од Хрватска ќе ни го пренесе своето знаење, искуство и вештини. Ќе се испрати  и покана до хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица за официјална посета на Република Северна Македонија. Амбасадорката на Хрватска во нашата земја Нивес Тигањ му се заблагодари на Лога за денешната средба , му посака успешна работа на новата функција и изрази надеж дека соработката ќе продолжи и во наредниот период. Тигањ посочи дека Хрватска и Република Северна Македонија немаат отворени прашања а двете земји имаат реализирано голем број заеднички проекти. Упати покана до министерот за правда Кренар Лога да ја посети Хрватска и да присуствува на Конференција посветена на сајбер безбедноста. Лога и Тигањ разговараа и за закондавната агенда, состојбата во затворите, борбата против организираниот криминал и корупција и скринингот.

09.03.2023 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега