Лишен од слобода криминалец баран со потерница

 


Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 35-годишниот гостиварец С.С., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната. 

13.03.2024 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега