Левица со еко акција, засадиле над 1000 садници
„Зелениот сектор при Левица заедно со Локалниот огранок во Велес, на 18-ти декември ја организираше 4-та акција за пошумување.
Над 1 000 садници од багрем и аризонски чемпрес беа засадени на западната страна на Вршник - најблискиот рид над Велес .
На акцијата учествувааа над 40 членови на Левица од неколку градови, наши пријатели и вљубеници во природата, како и претставници на неколку велешки планинарски клубови и здруженија.
Пораката која ја пратија сите учесници е универзална - зелената боја е заедничка цел на сите, а зелените вредности - универзални.
Во време кога глобалниот капитализам сè повеќе ја ништи животната средина. Луѓето и природата се ставени во служба на профитот, затоа Левица ги вреднува принципите на еко-социјализмот како единствената политичка опција која може да одговори на овие современи предизвици", стои во соопштението.
21.12.2022 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа