Левица: СДС и ДПМНЕ ја изгласаа сопругата на адвокатот на Заев за нов член на антикорупциската комисија

Со 97 гласа „за“ пратениците на широката коалиција, составена од СДС, ДПМНЕ и ДУИ, минатата недела заеднички го изгласаа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, велат од Левицата.

Според Левицата, за нов член на антикорупциската комисија е избрана судијката Софија Спасова-Медарска, сопруга на партискиот адвокат на Зоран Заев, Филип Медарски, кој го застапуваше во случајот „Поткуп“.

„Токму ДПМНЕ во минатото обвинуваше дека фамилијата Медарски го има узурпирано правосудниот систем, каде што обвинителка во вишото ЈО е мајката на Филип Медарски – Елица Медарска.

По којзнае кој пат се потврдува работата на оваа „широка коалиција во Собранието, особено кога станува збор за партизација на институциите. Довербата во работата на судството е минорни 2 %, а овие три партии правосудните институции ги имаат претворено во фамилијарни династии.

За ваквиот скандалозен избор на новиот состав на ДКСК реагираа и од Платформата на граѓанските организации. Тие обвинија дека процесот на селекција бил пристрасен и партизиран, што доведува до загриженост за непристрасноста на новоизбраните членови“, се истакнува во реакцијата на партијата.

Левицата, како што додаваат, со нетрпение очекува да ги види „резултатите“од борбата против корупцијата, која треба да ги спроведе сопругата на адвокатот на аболираниот поранешен премиер.

26.12.2023 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега