Левица бара да се свика итна собраниска седница за пратенички прашања на која ќе присустваат Ангеловска и Бежовска

Денес, пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, до претседателот Талат Џафери упатија официјално писмено Известување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, соопштуваат од Левица.

Ваквата специјална седница, според Деловникот, е предвидено да се одржува секој последен четврток во месецот.

-Бидејќи утре е последниот четврток во тековниот месец август, а воедно е и последна шанса за поставување пратенички прашања на министрите од техничката преодна Влада на РМ во заминување – нашите пратеници побараа итно свикување пленарна собраниска седница, како би се овозможил уставниот принцип на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт, се вели во соопштението од Левица.

-Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес – пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на седницата да се обезбеди задолжително присуство на Министерката за финансии – Нина Ангеловска и на Гувернерката на Народната Банка на РМ – Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот, велат од Левица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега