Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор

 

Лекарската комора на Македонија преку социјалната мрежа Фејсбук го осуди убиството на матичниот лекар на паркингот на Поликлиниката Железара.

Бараат од истражните органи да го расветлат случајот.

-Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела.

Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, велат од Лекарската комора.

Испратија и сочувство до семејството.

-Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем.

Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира, се вели во дописот.

22.03.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега