Лефков: Упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС

 


СДС врши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, покрај тоа што Советот на обвинители и Судскиот совет назначија свои членови во УО на истата, кои немаат право да ги назначат, за заменик член во Академијата ја назначија и Емел Кранли, братучетка на Ветон Кранли, началник на организирам криминал во време на Спасовски, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Емел Кранли, е назначена за заменик на Антоанета Димовски, која е сестра на Снежана Калевска Ванчева од СДС, рече Лефков.

„Ветон Кранли беше десна рака на Оливер Спасовски во МВР. Очигледна е партиската поврзаност при назначувањето на неговата братучетка во УО на Академијата за судии и јавни обвинители.

СДС со последни сили се обидува да ја партизира Академијата.

Очигледно е дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители делуваат како испостава на СДС“, истакна Лефков.

Лефков нагласи дека упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС.

„Најновите назначувања во УО на Академијата за судии и јавни обвинители се спротивни на закон и истите треба да се повлечат.

Очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, а ДКСК и ЈО да реагираат по овој упад диригиран од СДС, а извршен преку двата совети“, потенцираше Лефков.

04.11.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега