Лажел дека му требаат пари за лекување и верски обичаи

 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(35) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во период од ноември 2022 година до 16.06.2023, преку социјални мрежи во повеќе наврати и со изговори дека му се потребни парични средства за здравствени потреби, како и за верски обичаи, преку агенции за брз трансфер на пари, од Е.Ќ. од Косово се снабдувал со пари.

Со тоа обезбедил имотна корист од над 8.000 евра.

17.01.2024 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега