Лазаров: Добивме квалитетни противници, но можеше да добиеме уште поквалитетни

 

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство 2025, на кое ко-организатори ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска.

Македонија ќе игра во групата Д што ќе се игра во Вараждин, па за очекување е избраниците на Кире Лазаров да имаат солидна поддршка од трибините.

Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат репрезентациите на Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја, а во главната фаза пласман обезбедуваат најдобрите три од секоја група.

Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство, истакна селекторот Кире Лазаров.

29.05.2024 - 23:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега