Лавров ги отфрли информациите за мировни преговори во јули: „Не добивме никакви индикации за тоа“

 

Информациите за можни мировни преговори за Украина во јули се лажни вести, бидејќи Киев и неговите западни лидери продолжуваат по патот на ескалација на непријателствата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Германската телевизија АРД на 26 јуни објави дека на 24 јуни во Копенхаген се одржал меѓународен состанок за Украина „под услови на строга тајност“ со учество на дипломати од западните земји, како и претставници на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, пренесува ТАСС.

Наводно, официјалните преговори за мировно решение за Украина би можеле да се одржат во јули.

„Не добивме никакви индикации за тоа. Има причини да се претпостави дека ова се лажни вести, со оглед на упорната намера на Киев и неговите западни раководители да ги ескалираат непријателствата“, рече Лавров во интервју за порталот Лента.

Тој додаде дека Русија „никогаш не го отфрлила дијалогот како политички метод за постигнување на целите на специјална воена операција“.

13.07.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега