Лавеци избоден со нож
Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци е избоден со нож во Уругвај и моментално се наоѓа во болница.
Според RMC, поранешниот играч на Наполи и ПСЖ бил избоден неколку пати по расправија и се здобил со повреди во пределот на стомакот.
Покрај тоа, тој се здобил со скршеница на клучната коска и му се укажува лекарска помош.
Според информациите на „Ел опсервадор“, Лавеци биланападната и повреден од роднина на забава по кратка расправија за пари. Се’ се случило во пет часот наутро, а Лавеци во полиција го донела девојка.
Но, објавени се и други информации од кругот на луѓе блиски на Лавеци, кои изјавиле дека тој паднал од скала додека менувал сијалица и се повредил удирајќи во мебелот. Ова предизвика реакција на полицијата.
Лавеци за Аргентина одигра 51 натпревар и постигна девет гола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа