Лани продадени три пати повеќе половни отколку нови коли

Во 2023 година, се донесени 33213 половни автомобили на авто плацевите ширум Македонија што е трипати повеќе отколку нови возила.

Според извештајот на Царинската Управа на Македонија, во земјава влегле 9999 нови автомобили, кои завршиле кај правни и физички лица.

Ова се 1209 нови автомобили повеќе отколку во 2022 година, но бројките се сепак мали во однос увозот на половни или употребувани возила.

Најголема причина за ова, според експертите, е што државата не го субвенционира купувањето на ново возило со еколошко гориво како во многу земји, па граѓаните се одлучуваат да купуваат извозени и истрошени возила со просечна старост од 10 години и со многу опрема за која се плаќа висока царина.

Во 2023 година граѓани и фирми набавиле вкупно 47.050 патнички возила. За споредба, во 2022 година, податоците од Царинска управа покажуваат дека биле набавени 8790 нови автомобили и 23381 употребуван автомобил или вкупно 35458 возила што е за 11592 помалку од 2023.

Во 2023 година најмногу автомобили биле набавени во јуни, вкупно 1009 возила.

08.02.2024 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега