Курти сака да дојде на власт во Македонија, тврди поранешен партиски лидер од Албанија

 

 

Поранешниот лидер на Црвено-црната алијанса од Тирана, Крешник Спахиу, за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека косовскиот премиер Албин Курти, откако не успеа да дојде на власт во Албанија, се обидува да дојде на власт во Северна Македонија.

Коментирајќи ја посетата на Курти на Тетово и Скопје, Спахиу рече дека премиерот на Косово се обидува да направи сојуз со опозицијата во Северна Македонија.

„Откако се обиде да ја урне Владата во Тирана, сега се обидува да ја урне Владата во Скопје. Албин Курти учествуваше на изборите во Тирана и на изборите во 2021 година освои 300 гласа, со што отворено ја бараше власта во Албанија. Кога виде дека не успеа во ова и дека нема поддршка во Албанија, се обиде да создаде политички конфликт со формирање на сојуз со опозицијата во Северна Македонија“, рече тој.

Тој додава дека сојузот што може да го има Курти со Сали Бериша или со некој опозициски фактор во Северна Македонија не е забранет со закон, но би било добредојдено само ако имаат сојуз со сите албански партии.

„Патриотска партија што би била формирана, мора да има во својата база сојуз на сите Албанци за партиски интереси, без разлика, социјалистички или демократски, во власта или во опозицијата“, заклучи Спахиу.

15.08.2023 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега