Кумановец се расправал со обезбедувањето во локал, а носел и пиштол
Вчера во 01.25 часот во Куманово, полицијата го приведе А.Т.(40) од Куманово.
Тој, во угостителски објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ агресивно се однесувал кон вработени од агенција за обезбедување, а кај него бил пронајден и пиштол.
А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
15.01.2024 - 16:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа