Кумановец не издржал ни два месеци во затвор и избегал, полицијата го најде и го приведе

 


Вчера во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово.

Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.

 

01.11.2024 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега