Кражба во Стар Дојран: Осомничениот уапсен по само неколку часа

 


Вчера во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари.

Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.08.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега