Крадец влегол и претурал во детска градинка во Бутел
Денеска во 06.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел за сега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка.
Тој влегол внатре и извршил претурање и, според пријавеното како што соопшти полицијата не било одземено ништо.
Надлежните информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
02.01.2024 - 16:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа