Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени


Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија. рече Ковачки.

„Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.

Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.

Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.

Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, нагласи Ковачки.

19.04.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега