Ковачевски за митингот на ДУИ: Тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија
Сакам да посакам успех на итнерната трибина која ја има ДУИ, тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на митингот што вечер ќе го одржи ДУИ во Чаир.
-Такви активности во текот на последниот квартал на 2022 година ги направи и нашата политичка паритја, СДСМ кога имавме 70 трибини, кои завршија со голема трибина со над 11 илјади луѓе, рече Ковачевски по настанот по повод одбележување на 78-годишнината на Црвениот крст.
20.03.2023 - 14:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа