Ковачевски: Во моментов нема прифатлив предлог за решение на спорот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски не успеа да избега од медиумите на денешниот настан во Холидеј Ин, каде за прв пат се појавува по посетата на Брисел и одбивањето на францускиот предлог.

Тој рече дека во моментот нема прифатлив за решение на спорот со Бугарија.

-Во моментот нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Процесот со Бугарија се води од страна на МНР. МНР со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страна, тогаш  тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во Северна Македонија. Во моментот таков предлог нема, вели Ковачевски.

 

28.06.2022 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега