Ковачевски: Во блиска иднина можно е замрзнување на цените и на други производи

 

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во блиска иднина владата би можела да ги замрзне цените и на други основни производи.

-Во Министерството за економија се прават анализи во однос на цените и на други основни прехранбени производи. Така што, во блиска иднина можно е да следува замрзнување на цените и на други основни производи коишто се сметаат за основни прехранбени производи. Но, за тоа не би сакал да навлегувам во детали додека не бидат направени калкулациите. Кога ќе бидат направени и донесени соодветните одлуки веднаш ќе бидете информирани, рече Ковачевски.

03.03.2023 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега