Ковачевски: Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните
Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“.
За време на посетата, со сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани разговараа за предизвиците кои ги наметна економско-енергетската криза, па затоа повеќе од потребно е да се покаже единство во донесувањето на мерки и решенија, за доброто на иднината на сите граѓани.
„ Во разговор со вработените во компанијата „Везе Шари“, како и со почитуваниот господин Арбен, заклучивме дека мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза. Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка. Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред велигденските празници и пред празникот Бајрам. Вие веќе знаете дека ја замрзнавме цената на лебот, замрзнавме цена на дел од тестенините при што и ја намаливме и ја замрзнавме и намаливме цената на дел од основните производи од млечната индустрија. За заштита на граѓаните донесовме одлука која ги обврзува малопродавачите минимум 70% од набавките кои што ги имале во текот на јануари и февруари во делот на снабдувањето со јајца од кокошка да ги имаат и во периодот кога цените се замрзнати што значи до 30 април” изјави премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека пред да се донесат антикризните мерки, деноноќно имав консултации со МЕ, во кои беа вклучени експерти, работодавачи, здруженија, претставници на Стопанските комори во земјата, производителите како што е и директорот на овој огромен производствен капацитет и целта ми беше како Влада никого да не оставаме сам да се справува со последиците од оваа криза. Со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, а ги продолживме во 2023 година, околу 750 милиони евра, насочивме кон граѓаните и кон задржување на ликвидноста на компании.
Ковачевски истакна дека компанијата Везе Шари го има финансирано најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД програмата во зголемување и осовременување на нивното производство. Тој се заблагодари на трудот, посветеноста и на соработката која ја имаат со компанијата во текот на сите овие кризни месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа