Ковачевски: Средба со Мицкоски за техничката влада откако ќе заседаваат партиските органи
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе се сретне со неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски за да разговараат за техничката влада откако прво ќе заседаваат партистиките органи.
Техничката Влада е законска одредба и немојте да мислите дека не постои комуникација меѓу политичките партии во Парламентот, кои се застапени, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашање.
-Тоа ќе биде откако партиските органи ќе заседаваат нормално, ќе има средба, којашто јас веќе кажав нема да биде највувана преку медиуми, бидејќи такви средби не треба да се најавуваат преку медиуми, туку ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание, рече Ковачевски.
Прашан за вчерашната изјава на Мицковски дека доколку не се избере член на Државната изборна комисија од албанската опозиција, во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе од ДИК, Ковачевски со одговор дека веќе коментирал на таа тема и посочи дека составот на ДИК е регулиран согласно закон.
– Парламенот и Комисијата за прашања и за избори и именувања треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК, додаде Ковачевски.
Што се однесува на прашање за објавените носители на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во 2024 година, и кои ќе бидат носителите на пратеничките листи по изборните единици, Ковачевски кусо одговори.
-СДСМ ќе има кандидати на парламентарните избори, коишто ќе ги победат сите кандидати кои што ги наброевте, рече Ковачевски по посетата на Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа