Ковачевски: Се уште се прават калкулации за цената на струјата од 1 јануари - можно е да поевтини

 

Цената којашто е понудена овозможува да нема ценовен шок за граѓаните. Финалната цена којашто се состои од три ценовни параметри кои на крај Регулаторна комисија за енергетика ги определува, овозможува да нема ценовен шок за граѓаните и, според првичните калкулации што се прават врз основа на овие параметри, овозможува дури намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи, односно компаниите коишто вработуваат 98 проценти од вработените во државата, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

За да го нема тој ценовен шок, како и досега, вели Ковачевски, државата има определено финансиски средства во буџетот, како за 2022 така и за 2023 година.

-Министерот за финансии и јас на прес-конференција за буџетот многу транспарентно информиравме дека веќе имаме ставено ставка во буџетот од 250 милиони евра за справување со економско енергетската криза, рече премиерот, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на далекувод во Овчеполието.

Додаде дека на крај кога ќе бидат финалните калкулации за производството на електрична енергија, движењето на цените на суровините коешто се прави на месечно ниво, тогаш ќе може да се каже и колку ќе биде финалната субвенција на државата која што ќе ја даде на ЕСМ со цел да овозможи пониска цена на електрична енергија за граѓаните.

– Инаку од она што го имаме досега во 2022 година, Северна Македонија е држава којашто најдобро ја помина енергетската криза, односно најуспешно се справи од сите земји во регионот, со оглед на финансиските издатоци од буџетот и со оглед на непрекинато снабдување со електрична енергија за граѓаните и недозволување да има ценовен шок за цената на електрична енергија на регулираниот пазар. Тоа е планот и за идната година, истакна премиерот.

Информираше дека ЕСМ оваа година го зголеми производството за 22 проценти, за идната година исто така се планира зголемување на производството на ЕСМ со цел да можат да бидат остварени овие претпоставки коишто сега ги наведов

18.12.2022 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега