Ковачевски: Се појавија 11 свлечишта на Кичево - Охрид а министерот не е одговорен за тоа

Нови 11 свлечишта ја одолговлекуваат изградбата на патот од Кичево до Охрид, рече Премиерот Ковачевски денеска, одговарајќи на новинарски прашања. Тој отвори дилема дали кинескиот изведувач и неговите подизведувачи имаат капацитет да го завршат овој проект и дека тоа ќе биде предмет на анализа која што во моментов ја прави државната фирма за патишта.
Премиерот Ковачевски вели дека од таа анализа ќе зависи дали ќе се продожи соработката со истиот изведувач или ќе се раскине договорот за што ќе биде потребна одлука на Собранието.

Доби две прашања за тоа кој ќе ја понесе одговорноста, но избегна прецизен одговор.
Рече дека одговорноста е на Министерството за транспорт и врски но Договорот за проектирање на автопатот бил одговорност на проектантските куќи кои што го направиле договорот како и изведувачот. Оттука премиерот вели дека дополнително ќе се прави анализа, но за разрешување или некаква одговорност на Министерот за транспорт и врски и директорот на фирмата за државни патишта не сака ниту да слушне.

07.11.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега