Ковачевски: С. Македонија непречено се снабдува со гориво преку Грција
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва информраше дека стоковите резерви со жито се на ниво.
-Имаше шпекулација за снабдување со пченица и брашно. Во моментов не ги ни користиме резервите. Тоа што беше предмет на јавна дискусија е дел од редовното работење на приватната мелничарска индустрија односно увоз на пченица од Србија и имаме размена со различни држави. Нивото на производство на пченица е зголемено во однос на 2017 година, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со гориво.
-Ние се снабдуваме со гориво преку Грција и таков проблем не постои. Тоа што се случи вчера беше направено од неколку помали продавачи на нафтени деривати кои што ги ограничија количините од шпекулативни причини, информира Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа