Ковачевски открива: Свикав состанок на безбедносните служби поради дојавите за бомби
Нормална процедура се апелите кои ги испраќаат сите амбасади за нивните граѓани. Така прави и нашето Министерство за надворешни работи (МНР), доколку се исполнат услови за одредени протоколи кои се следат во меѓународните односи, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето за апелот на Американската амбасада нивните граѓани да не патуваат во нашата држава поради нарушената безбедност.
Ковачевски, исто така, информираше дека денеска ќе се одржи координативен состанок на безбедносните служби, каде што ќе се разговара за состојбата со лажните дојави за бомби.
-Ние денес ќе имаме координативен состанок на безбедносните служби каде што ќе се разговара за сите овие проблеми, иако на дневно ниво се разговара, и како и до сега, ќе се преземаат мерки со цел да бидат заштитени сите граѓани на државата, додаде Ковачевски.
Според премиерот, нашето Министерство за надворешни работи (МНР) ги презема сите активности со цел да се обезбеди безбедност и сигурност во државата.
-Овие лажни дојави на бомби се дел од хибридна војна која што се води на територија на цела Европа. Ние се наоѓаме во година во која што има војна на европскиот континент, првпат после Втората светска војна и тоа од големи размери по нападот на Русија врз Украина. Овој вид на сајбер напади се составен дел од тоа, изјави Ковачевски по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа