Ковачевски: Нафтата пак поскапува на берза - ќе видиме како ќе се движат цените
Европа е во војна и растот на цените ги диктираат случувањата во Украина. Премиерот Ковачески прашан зошто не се намалува цената на нафтените деривати во Македонија и покрај тоа што паѓаат цените на светските берзи вели дека Регулаторна има своја методологија и дека таа не може да се манипулира.
„Колку што беше порасната цената на берзата имаше денови кога таа не беше веднаш коригирана во седум дневното усогласување. Дел од компаниите кои работат на овој пазар покажаа шпекулативно однесување, тоа веднаш беше санкционирано од инспекциските служби. Дел понесоа и загуби, мора да бидеме искрени и до крај во тој ден кога беше очекувано поскапувањето испорачуваа гориво цело време. Методологијата е таква да не може да се манипулира со неа и сите цени кои се определуваат се определуваат со таа методологија. Мислам дека и вчера имаше намалување на цената на дизелот и доколку дојде до стабилизирање на цената на нафтата и нафтените деривати нормално е дека тоа соодветно ќе влијае на малопродажната цена. Колку што гледам утрово берзите пак пораснаа, ќе видиме како ќе се движат во текот на денот бидејќи дневно се менуваат цените. Ние мора да бидеме свесни дека Европа е во војна, во Украина се води војна“ – изјави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Охис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа