Ковачевски ќе тера дневна шема во скопските кафулиња на 31 декември: По една-две пијачки во центарот, секогаш денот го завршувам со семејството
Премиерот Димитар Ковачевски, в недела, пред пречекот на Нова година, ќе тера дневна шема во скопските кафулиња оти тоа му било традиција со другарите. Денес, по свеченото отворање на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, поранешна „Партизан“ во Карпош, одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа какви му се плановите за пречекот на 2024 година.
„Како и секога година, ќе ја прославам и оваа Нова година. Јас сум човек што секогаш за 31 сум некаде во скопските кафулиња. Така било со години, со моите другари од детството, со семејството. По една-две пијачки во центарот на Скопје, секогаш денот го завршувам со семејството“, рече премиерот Ковачевски.
Тој и денес повтори дека на изборите во новата година ќе победи СДСМ и тие ќе ја формираат новата влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа