Ковачевски и Битиќи: Плановите се остваруваат - отворивме 300 нови работни места
Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста од поддршката за компаниите за отворање нови добро платени работни места.
„Им благодарам на ЕјџТек Груп за гостопримството денеска и им посакувам успех и уверување дека ќе продолжиме партнерски да работиме кон развој, мојот кабинет е посветен на развој на бизнис климата и условите за инвестирање на компаниите.
Веќе започнаа исплатите за државна помош за компаниите по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година поддржуваме рекордни 417 компании, а секоја година го зголемуваме и буџетот за поддршка, оваа година ќе бидат исплатени 1,7 милијарди денари. Со моето доаѓање на оваа позиција во 2020 година, за прв пат и покрај ковид кризата, имавме 100% исплата на државната помош и продолжуваме и оваа година, како и минатата година, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме“, рече Битиќи.
Мирослав Вирајевиќ истакна дека HTEC Group продолжува со амбициозните планови за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа.
„Се гордееме со нашиот развоен центар во Скопје и нашите луѓе - нивната одлична работа, знаење и желба за решавање сложени инженерски предизвици на најхрабрите компании на планетата. ИТ секторот во Северна Македонија е еко-систем кој постојано расте, а HTEC Group е посветена на натамошно придонесување на неговиот раст и развој. Нашиот тим во Скопје се состои од повеќе од 130 експерти и според Договорот за државна помош со Владата на Република Северна Македонија, во следните пет години ќе се вработат уште најмалку дополнителни 170 лица. Во следните пет години ќе инвестираме вкупен износ од најмалку 4.500.000 мил еур во Северна Македонија. Сакаме да се заблагодариме на Владата за поддршката што ни ја пружа во надминувањето на границите на технологијата и во тоа да се остане најдобра платформа за професионален и личен развој за нашите вработени. HTEC Group ќе продолжи со своето значително влијание врз економијата во земјата каде работи преку креирање работни места, иновирање и извезување услуги. Уште еднаш ви благодарам за довербата и партнерството“, рече Вирајевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа