Ковачевски го означи крајот на грејната сезона за оваа година: Успеавме да ги заштитиме граѓаните

 

 

Премиерот Димитар Ковачевски во „РЕК Битола“, заедно со министрот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, раководството на РЕК, раководители, вработени во енергетските капацитети, во присуство на медиумите го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.

„Грејната сезона започна на 15 октомври 2022 година, вие се сеќавате дека на самиот нејзин старт имавме совет за безбедност во државата, на кој го презентиравме планот којшто не водеше во текот на целата ова грејна сезона. Тогаш јас се сеќавам што кажав, дека имаме многу јасно пред нас и активности и кадровски ресурси и контакти со соседните држави, со цел да обезбедиме непреченост во снабдување со електрична енергија. Тогаш кажав дека постојат и ризици кои доколку се остварат тогаш како многу други држави ќе имаме проблеми. Но токму поради стручноста, напорот кој го дадоа сите вработени во ЕСМ Македонија ние имавме непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во текот на целата зимска сезона. Во услови на најголема светска енергетска криза, кога дел од земјите го пролонгираа стартот на грејната сезона, нашите граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно кое стартуваше во точно пропишаниот рок и во текот на цела грејна сезона.

Оваа зима, која беше исклучително комплексна и со очекување геополитичките случувања да кулминираат преку енергетски условувања – ние имавме само една цел – а тоа е да ги заштитиме граѓаните и да ја одржиме ликвидноста на компаниите како во електро енергетскиот сектор така и во сите други области на индустријата и услугите.

Успеавме да ги заштитиме граѓаните, благодарение на трудот што го вложивте вие вработените во ЕСМ и сите подружници“, порача Ковачвски.

24.04.2023 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега