Костовски: Доделивме 110 спортски стипедии на најуспешните спортисти од општина Бутел

Низ една максимално транспаретна процедура со објавен јавен повик врза база на правилник, денес заедно со олимписките величини Шабан Трстена, д-р Борче Костовски, Борко Ристовски и Баже Илиоски доделивме 110 спортски стипендии на најуспешните спортисти од Општина Бутел, соопшти градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Искрено се надеваме дека некои од денешните стипендисти ќе ги повторат успесите на Шабан и Дејан.

Денешниот настан опфати пет категории на спортски стипендисти.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, за многу скоро ќе биде и во спортска инфраструктура. Јас како градоначални и општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина!

Честитки за сите стипендисти!“, стои во објавата на градоначалникот Костовски.

12.01.2024 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега