Костадиновска-Стојчевска: Заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на детето со претставата „Волшебникот од ОЗ“

 

Министерството за култура со задоволство најавува уникатно културно искуство по повод одбележувањето на 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, со продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава“. Претставата ќе се одржи на 1 јуни, четврток, со почеток од 18:00 часотна Школка во Градскиот парк.

„Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана до сите семејства, деца, институции за грижа на децата, како и до љубителите на културата. Ве очекуваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој значаен ден, да бидеме на европската мапа преку магијата на театарот. Продукцијата ветува дека ќе биде незаборавен настан како за децата така и за родителите“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во оваа извонредна изведба на „Волшебникот од Оз“ учествуваат група таленти, меѓу кои: Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиќ, Јосиф Блажев, Теодора Трајковева, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски и Ана Марковиќ.

Креативниот тим е составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

Оваа изведба на „Волшебникот од Оз“ се очекува да биде вистинско уметничко доживување за децата.

30.05.2023 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега