Косана Мазнева е нов директор на Комунална Хигиена
Денеска за нов директор на Јавното Претпријатие – Комунална Хигиена Скопје е назначена Косана Мазнева, информираат од Град Скопје.
Оттаму во соопштение велат дека Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Македонија и поранепен пратеник во два мандата.
Таа високо образование има завршено на Природно-Математичкиот Факултет во Скопје.
12.07.2022 - 14:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа