„Комунална хигиена“: Заостанат долг може да се плати без камата заклучно со 31 март
Корисници коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад, тужени и редовни, од денеска, заклучно со 31 март, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје.
- Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица, се нагласува во денешното соопштение.
15.02.2023 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа