Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради недостигот на учебници

 

 

Комисијата за заштита од дискриминација најави тужба против Министерството за образование и наука пред граѓанскиот суд поради недостигот на учебници.

Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска, рече дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Бендевска вели дека овие ученици немаат пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници, па затоа Комисијата подготвува тужба против државата, односно Министерството за образование и наука.

Покрај учебниците, Комисијата работи и на уште неколку случаи на структурна дискриминација, како што се необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

05.10.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега