Колоски: Македонската дијаспора е клучен партнер со татковината

 

Македонската дијаспора е клучниот партнер со татковината. Речиси 18 до 20 проценти од БДП доаѓа од дијаспората и целта е македонската дијаспора да стане уште поголем инвеститор, не само во давање средства на роднини и пријатели, туку и за инвестирање во локалното општество, посочи Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Тој на денешната прес-конференција пред почетокот првиот македонски симпозиум и практики на  ОМД во Скопје рече дека нивна цел и мисија е обединување на македонската дијаспора.

-Целта е што повеќе да се прошири мрежата на ОМД низ цела Македонија, оти сепак македонската дијаспора е клучниот партнер со татковината, 18 до 20 проценти од БДП доаѓа од дијаспората така  што сакаме што повеќе тоа да се зголемува и македонската дијаспора да стане уште поголем инвеститор, не само во давање средства на роднини и пријатели, туку и инвестирање во локалното општество, рече Колоски.

Спомена неколку проекти на кои работат меѓу кои зголемување на Групата за пријателства на Македонија во конгресот на Америка, но исто така и во Собранието во Канада, во Австралија.

Како што наведе, повторно ќе имаат неколку резолуции во Конгресот каде што ќе се одбележува септември како месец на Македонците - Американци, Македонци - Канаѓани, Македонци -Австралијани.

-Тоа е месец одбран токму поради Денот на независноста, 8-ми Септември. Но и повеќето македонски фестивали во дијаспората се случваат токму во тој период, додаде Колоски.

Тој потсети дека минатата година ОМД обезбеди донација од над 500 илјади долари медицинска опрема за Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје и најави дека оваа година ќе достават слична донација со медицинска опрема во Битолската болница.

-Мораме што повеќе да инвестираме во образованието, културата и здравството, рече Колоски.

20.07.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега