Колку општините платија за новогодишното украсување?
Град Скопје кој се најде на мета на критики за овогодинешното украсување сѐ уште го нема објавено тендерот на веб страницата на Јавни набавки. Според градоначалничката Данела Арсовска, тоа скопјани ќе ги чини 30.000 евра, обвинувајќи ги нејзините претходници дека во минатото за оваа намена трошеле помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Но скопјани ќе почекаат за да видат која е фирмата што го украсува главниот град.
На веб страницата на Јавни набавки објавени се само 10 тендери за новогодишното украсување. Според овие тендери Струмица е општината која дала најмногу пари за во градот да се почувствува новогодишна атмосфера, нешто помалку од 65.000 евра. Потоа следуваат скопски Центар и Велес со речиси идентична сума од околу 56.000 евра.
Најмногу заштедилa општинa Новаци која украсила со трошок од само 3.000 евра.
А вака изгледа плоштадот во Струмица.
ДВ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа