Кочоска: Обвинителството треба да истражи дали моќници од Струмица по политичка закрила на Заев свесно ја пропаѓаат Еуростандард банка

Македонската економија ја тресат два големи скандали, првиот пропаѓањето на Еуростандард банка тежок 200 милиони евра, и вториот скандал е очајно лошите макроекономски показатели кои јасно покажуваат раст на државниот долг за една милијарда евра за 6 месеци, и рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци, ова денеска преку прес-конференција го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-За 5 месеци останале без работа 36 илјади граѓани. Со пропаѓањето на Еуростандард банката остануваат без работа неколку стотина вработени во банката и македонски пошти. Неодминлив е впечатокот дека власта активно помага при пропаѓање на Еуростандард банката. Мотивите за тоа мора да се бараат во два показатели, луѓето од власта кои предвреме ги извадиле парите од банката и во тоа кои се најголеми корисници на кредити без покритие поради што и банката пропаѓа. Отворено е прашањето зошто не е дозволена продажба на банката кога сопственикот изјавува дека имало заинтересиран инвеститор. Се говори дека постоело свесна намера и мотив во тоа да пропадне банката, штедачите да се изневерат и да отиде во стечај. Времето ќе покаже но и обвинителството треба да истражи дали моќници од Струмица под политичка закрила на Заев и неговите луѓе свесно ја доведуваат Еуростандард банка под стечај, потенцира Кочоска.

Таа додава дека пропаѓањето на Еуростандард е капка во морето лошо цунами економија.

-Пропадна банка и нема одговорност за никого, се покачи цената на струјата и повторно власта вели дека не е одговорна. Сега се случува вистински грабеж и во економијата каде државата е задолжена за една милијарда евра повеќе и повторно власта не понесува одговорност. Имаме влада чија основна задача е корупцијата, немањето на план и аматеризам во економијата, вели Димитриеска Кочоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега