Кочанско семејство бара помош: Преку ноќ ни се промени животот, имаме деца за гледање, а двајцата со сопругот паднавме болни
Имавме добар живот со сопругот и децата, кои сега се на возраст од 13 и 17 години, се до пред неколку години, кога започна нашата агонија. Првин јас морав да оперирам тумор на мозок, пред две години, а потоа, пред 16 месеци сопругот, прав, здрав маж, шофер, доби мозочен удар и стана неподвижен, во постела. И двајцата болни, неспособни за работа, не можеме да ги собереме потребните средства за нашето лекување и моравме да замолиме за помош од јавноста, раскажала за ,,Фокус”, 43-годишната Мирјана Малчева од кочанско Тркање.
Таа за порталот информирала дека единствена шанса за излез од состојбата гледаат во лекувањето на сопругот Димче на клиниката Неуромедик Група во Ниш, Србија, но не можат да ги обезбедат потребните 11.500 евра. И за нејзино лекување биле потребни дополнителни средства, бидејќи по операцијата на мозокот се соочила со многу компликации и и била потребна барем уште една медицинска интервенција, за да може да започне да фукционира нормално.
Семејството веќе го посетил штипскиот хуманитарец Александар Ѓорѓиевски, кој исто така апелира до општествено одговорните фирми, но и до градоначалникот и Општина Кочани да им се помогне на овие луѓе.
Може да се донира на сметката на Мирјана Малчева -200002663191834, Стопанска банка, и на телефонот за донации на Телеком 143 – 183. Наредните денови се очекува и телефонска линија од А1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа