Ќе плати 7 милиони евра: Италија го казни Фејсбук

 

Италија го казни Фејсбук со седум милиони евра за недоволно информирање на корисниците за користењето на нивните приватни податоци.

-Фејсбук не ги информираше доволно корисниците кои отворија профили како ќе се користат нивните податоци, соопшти Италијанската Агенција за конкурентност.

Овој регулатор воведе нови мерки во 2018-та година, а социјалната мрежа Фејсбук не ги спровел.

Информациите обезбедени од Фејсбук, како што соопштуваат од Агенцијата, биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивни податоци ќе се користат за рекламирање, а кои за персонализација на платфромата на Фејсбук.

Претставници на Фејсбук, пак, велат дека мерките не биле спроведени бидејќи сѐ уште трае жалбената постапка против нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа