Ќе одговара кривично: Штипјанец на Фејсбук и се заканувал на поранешната сопруга
Триесет и седумгодишен жител на Штип заработи кривична пријава поради основано сомневање дека на поранешната сопруга и упатувал закани преку социјалните мрежи.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, наведуваат од МВР.
14.08.2024 - 17:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа