Ќе има прекин на сообраќајот кон Косово поради отстранување превртен камион

 

АМСМ информира дека утре наутро од 05:00 до 07:00 часот ќе има краткотраен прекин на патот кон соседно Косово, односно на четири километри пред вториот кружен тек.

Прекинот е поради подигнување на превртен камион со полуприколка.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

27.03.2025 - 20:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега